За блогот

Овој блог е наменет за љубителите на античката драма и на класичната книжевност воопшто. Објавувањата се однесуваат на различни аспекти од античката драма (Хелада и Рим), односно на дефинирање на драмата и драмските видови, информации за авторите, схематски прикази на драмите, информации што се однесуваат на театарот во антиката, на преводите на македонски на овие автори, како и студиите кои се однесуваат на оваа тематика.